Веб дизајн & Развој

Вашиот веб-сајт е вашата шанса да му покажете на светот кои сте вие, да воспоставите добар углед и да покажете во што сте најдобри. Пред сѐ, тоа е можност да ги продавате вашите производи или услуги... но веб дизајн кој го нуди сето тоа е тешко да се пронајде.

За одлична веб страница потребна е креативност, око за детали и голема посветеност. Ние имаме искуство во работење како со големи така и со помали клиенти и знаеме со сигурност дека нашите веб страни носат резултати.

Професионалниот веб дизајн е она што добрите идеи ги претвора во одлични веб страни. Веб дизајн за бизнис потреби не е само избор на бои и сликите; поентата е да се навлезе длабоко во сржта на вашиот бизнис и му се помогне да расте побрзо од било кога.

ДОЗВОЛЕТЕ ДА ЈА ДИЗАЈНИРАМЕ СОВРШЕНАТА СТРАНИЦА ЗА ВАШИОТ БИЗНИС

Ако знаете дека ви е потребна веб страна која функционира но не сакате да поминете часови и часови истражувајќи ги деталите во врска со тоа, нашите “all-in-one” веб дизајн пакети можат да бидат вистинскиот одговор за вас.

Silver пакет

Веб сајт со посебни карактеристики, дизајниран од страна на професионалци според вашите потреби и барања. Програмирање според најновите стандарди, вклучувајќи бесплатни e-mail адреси, техничка поддршка и SEO оптимизација.

21.099 МКД

Gold пакет

Gold изданието му дава на вашиот бизнис повеќе можности за претставување онлајн. Ќе имате професионална техничка поддршка и оптимизирано програмирање за побрз пристап до сајтот. Сакате поддршка за флеш и видео анимации? Таа исто така доаѓа со gold пакетот.

43.049 МКД

Platinum Пакет

Овој пакет ги изразува до максимум сите технички опции. Нема да имате потреба да се грижите за било што, бидејќи сте во добри раце.




86.099 МКД

Земајќи го само најдоброто од нашето искуство во професионалниот веб дизајн, креиравме веб пакети кои ќе ве издвојат од останатите.

Сакаме да бидеме сигурни дека сѐ е функционално и целосно оптимизирано така да му помогне на вашиот бизнис да оствари подобри резултати а притоа ви ветуваме дека сето тоа ќе изгледа одлично. Имаме помогнато на многу клиенти да го трансформираат нивниот веб сајт, дозволете ни истото да го направиме и за вас.

Оригинално работење во секое време

Секој клиент заслужува уникатен веб сајт со одличен дизајн. Тоа е она што ние го правиме. Задоволството на клиентите е наша цел.

Секој уред, на секој пазар

Во денешно време треба да се има предвид и веб дизајн за мобилни уреди. Клиентите сакаат пристап до информации во секое време и вашата веб страница треба тоа да им го овозможи. Ние креираме мобилни веб страници или можеме вашата постојана страница да ја адаптираме за било кој уред. Без разлика на дејноста на вашиот бизнис, или кој медиум сакате да го користите за да се презентирате, ние имаме решение спремно за акција.

Надградби

Дури и најдобрите страници имаат потреба од освежување, затоа ви ветуваме дека редовно ќе ја надградуваме вашата страница(зависно од договорот што го имаме). Било каков текст или слики што ќе ни ги испратите ќе бидат ставени на страницата во рок од 48 часа. Навистина е толку едноставно.

Content management системи (CMS)

Дизајнирано за контрола
Работите се движат многу брзо кога се онлајн; производите се менуваат или описите треба да се надградат. Нашиот content management систем е наједноставниот начин да се осигурите дека сите информации за вашата бизнис страница ќе останат редовно апдејтирани. Нашиот content management систем (CMS) е дизајниран на тој начин да ве стави вас во контрола над содржините, со што веб страницата ќе биде целосно надградена. Додавањето нови содржини е мошне едноставно со нашата content management алатка. Ќе ви помогнеме да го намалите времето кое го поминувате администрирајќи ги овие работи со што ќе ви оставиме повеќе време да се задржите на она што ви е навистина важно, а тоа е вашиот бизнис.

Ecommerce страница

Дизајнирано за да продава
Дизајнот за е-трговија мора да биде флексибилен и во можност да се развива заедно со вашиот бизнис. Сите наши решенија се целосно во можност брзо да бидат проширени или надградени, а нашиот професионален веб дизајн значи дека на вашите клиенти може да им ветите лесно и едноставно купување преку вашата страница. Кога станува збор за ecommerce страница, пред сè најважни се резултатите. Продажбите на нашите клиенти постојано се зголемуваат и затоа знаеме како да направиме шопинг веб страница за вашиот бизнис која ќе функционира беспрекорно. Јавете ни се уште денес, а ќе ви ветиме дека нема да бидете разочарани.

SEO

Дизајнирано за да биде пронајдено
Најважниот дел од било каква онлајн стратегија е вашата бизнис страница да биде забележан. Ние им помагаме на нашите клиенти да ги подобрат своите резултати на пребарувачите и да ги пласираат своите производи пред колку што е можно повеќе клиенти за да може вашиот бизнис да се развива. Вашата порака ќе стигне до сите преку нашите онлајн и офлајн маркетинг тактики. Генерирањето посети на вашата страница бара персонализирана SEO кампања, затоа доверете ни го тоа нам.

Сигурен, хостинг

Сите наши сервери се наоѓаат во Швајцарија, гарантирајќи ви брза, сигурна и безбедна услуга осигурана со техничка поддршка 24/7, 365 дена во годината. Побарајте бесплатна понуда