Интерактивен Маркетинг

Социјалните медиуми се една од најмоќните алатки за бизнисите и брендовите од различни индустрии кои сакаат да ги промовираат своите понуди. Овие медиуми се менуваат многу брзо за да може да им парираат на новите технологии. За бизнис единките е многу корисно да ги идентификуваат популарните трендови кои ќе им овозможат да се пробијат на врвот. Една од најкористените платформи на социјалните медиуми за оваа година останува да биде Facebook. Оваа платформа е можност за сите бизниси и нивните потрошувачи да стапат во контакт едни со други и да ја зголемат својата лојална заедница.

Дизајнирано за социјалните медиуми

Присуството на социјалните мрежи е најлесниот начин за наоѓање нови клиенти онлајн. Која и да е пораката која сакате да ја споделите, социјалните мрежи како Facebook и Twitter ќе ви помогнат вашиот глас да биде слушнат од што е можно повеќе луѓе.

Ние можеме да ви помогнеме да го обликувате вашиот маркетинг преку социјални мрежи, независно од тоа дали ви е потребен брендиран Twitter профил или YouTube канал за да ги прикачите вашите видеа. Со вас ќе ги споделиме тајните од нашите поранешни успеси и ќе се осигуриме дека ќе го извлечете најдоброто од нашето целокупно искуство.

Не смеете да си дозволите да го заборавите рекламирањето преку Facebook и управувањето со социјалните медиуми. Тие ги заменуваат традиционалните методи, а маркетингот преку Twitter значи дека задоволните клиенти нема да им кажат само на своите пријатели, туку ќе им кажат на сите. Затоа контактирајте нѐ денес и претставете му се на светот.

Сите со нетрпение очекуваат да ве запознаат.

Facebook Aпликации и страници

Без разлика на тоа дали сакате да креирате бизнис страница на Facebook или ви треба апликација која ќе го привлече интересот на клиентите, нашите професионалци ќе го сторат тоа за вас. Ќе му помогнеме на вашиот бизнис да се издвои од метежот и ќе го употребиме нашето искуство за да ви препорачаме тактики кои функционираат.

Оптимизирани Twitter кампањи

Twitter е одличен начин да му кажете на светот дека сте тука. Без разлика на тоа дали ја надградувате вашата производна линија, водите кампања или сакате да воспоставите подлабока врска со вашите клиенти, Twitter ќе ви помогне тоа да го започнете, а ние ќе ги употребиме нашите вештини за да се осигуриме дека сѐ е целосно оптимално организирано.

LinkedIn, Google + и останатите

Се чини дека на светот не му е доста од социјални мрежи. Ако имате потешкотии во разликување на Facebook и Twitter или не знаете како да го извлечете најдоброто од LinkedIn, не грижете се. Ние ќе се пробиеме пред другите и за вас ќе дизајнираме солидни кампањи за социјални медиуми за било која мрежа која најдобро функционира за вас и вашите клиенти.

Анализа и метрики

Доброто донесување одлуки зависи од располагањето со добри податоци. Нашите анализи ги претвораат сите клучни метрики во еден лесно разбирлив извештај. Ќе внимаваме на сите работи и ако анализите покажат одреден проблем или можност, веднаш ќе добиете известување.

Побарајте бесплатна понуда